Кафето како алтернативно гориво
» Истражувања за алтернативни горива има многу – едно од нив резултираше со сознание дека талогот од кафе има потенцијал за производство на биодизел. Просечен кафе бар дневно фрла околу 10 килограми од ова материја која содржи 20 отсто масла кои се погодни за преработка во погонско гориво. Според истражувањето од тие 10 килограми талог можно е да се добијат два литра биодизел, со кои просечен автомобил низ град без проблем ќе помине триесеттина килограми мирисајќи на кафе… Звучи примамливо, но допрва треба да видиме како оваа идеја ќе се развива понатаму.