Cuore Sportivo
» Во времињата кога името Alfa Romeo се изговараше со стравопочит, на денешен ден 1963 година беше преставена Giulia Sprint GT. Настанато на основа на коцкастата Giulia, ова прекрасно 2+2 купе дизајнирано од тогаш 25-годишниот Џуџаро го имаше одличниот четирицилиндричен мотор со две брегасто оски во главата и два вентила по цилиндар од 1,6 литри и 106 коњски сили, спарен со петстепен синхронизиран менувач. Неговиот звук беше еднакво возбудлив како и перформансите – забрзувањето до 100 km/h за 10,7 секунди и најголемата брзина од 180 km/h. Никој не се грижеше за тоа што трошеше литар масло на илјада километри – се сметаше за „заштитен знак“ на сите модели на Alfa Romeo.