Замислен да биде малку поголема и помодерна алтернатива на Mini
» На денешен ден 1980 година British Leyland под ознаките на Austin го лансираше Mini Metro, замислен да биде малку поголема и помодерна алтернатива на Mini, од каде беа пренесени многу нешта – моторите, менувачот, поголем дел од погонската механика и дел од ослонувањето. Каросеријата му беше една од најпространите во своето време, што беше значаен фактор за неговата популарност. На почетокот важеше за посакуван мал автомобил, но репутацијата му беше нарушена со лошиот квалитет и големиот број дефекти. И покрај фактот дека за 18 години колку се произведуваше беа направени повеќе од два милиона примероци, денес се смета за модел кој неповратно го наруши тогаш веќе разнишаниот имиџ на британската автомобилска индустрија.