Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 јануари 1930 година

Со денешни 23 долари за гориво поминати скоро 1.300 километри

» Три години пред да се појави првиот сериски автомобил со дизел мотор, Клеси Каминс се реши на храбар потег да ги демонстрира способностите за практична употреба на дизел моторите – во користен автомобил од марката Packard тој вгради еден од дизел моторите што ги конструираше за неговата компанија Cummins и со него возеше од Индијана до Њујорк, каде сакаше да го изложи на салонот на автомобилите. Но бидејќи не беше претходно регистриран како изложувач тоа не му беше дозволено. Тој сепак успеа да изнајми простор на улицата спроти објектот каде се одржуваше салонот, со што веста дека поминал 800 милји трошејќи 30 галони гориво за кои платил само 1,38 долари стана една од најударните од салонот иако тој воопшто не учествуваше на него. Во бројки кои ги разбираме и денешна вредност тоа значи дека Каминс со својот дизел автомобил поминал скоро 1.300 километри со нешто над 110 литри гориво со просечна потрошувачка од 9 литри на 100 километри кое вкупно го чинело денешни 23 долари ако ја пресметаме инфлацијата.

Ако уште малку ги истражиме бројките од тоа време ќе дознаеме дека таа сума еден работник во железарската индустрија во САД ја заработувал за два часа. Ако пак уште малку си поиграме со математиката, тоа би било исто кога денес во Македонија би возеле автомобил кој троши 1,5 литри дизел на 100 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *