100 години од ѕвездата на Mercedes (видео)
» Како еден од најпрепознатливите амблеми воопшто во историјата не само на автомобилите туку и на човештвото, трикраката ѕвезда на Mercedes одбележува сто години од своето постоење. Таа всушност е малку постара, но точно на денешен ден во 1921 година тогашниот Daimler-Motoren-Gesellschaft има поднесено барање за нејзино регистрирање. Овој амблем за прв пат се сретнува кај неговите возилата во 1909 година, но без кругот што го обиколува. Регистрацијата на амблемот им беше одобрена во август 1923 година и знакот веднаш се најде на капачето на ладилникот на моделите на Mercedes кое служеше како негов пиедестал. Оттогаш наваму сé е историја која сé уште трае.
Според најновите проценки, вредноста на брендот Mercedes, вклучително и амблемот но без фабриките или било какви други интелектуални права за возилата или технологиите, е проценет на повеќе од 50 милијарди долари.