Започна вториот живот на легендата
» Половина век откако дебитираше легендарниот Fiat 500, на денешен ден 2007 година на настан на ниво на церемонија на отворање олимписки игри беше претставена неговата реинкарнирана генерација. Механички базиран на Panda, неговиот моќен ретро изглед веднаш ги освои срцата на љубителите на убавите автомобили насекаде низ светот кои едноставно беа воодушевени.