Што ќе беше Fiat без него?
» На денешен ден 1905 година роден е генијалниот италијански инженер и дизајнер Данте Џакоза, без кој светот на автомобилите ќе беше поедноличен и посиромашен – творец е на бројни славни автомобили почнувајќи од Fiat Topolino од 1936-тата преку Фиќо и 1300 па сé до 128 непосредно пред пензионирањето во 1970-тата. Почина на 91 година во 1996-тата.