Почеток на една нова ера за шведскиот производител
» Година и четири месеци откако Ford одлучи да го продаде Volvo, на денешен ден 2010 година беше потпишан договор со Geely за преземање на шведскиот производител. Американците на почетокот за Volvo бараа 6 милијарди долари, а меѓу потенцијалните купувачи, покрај неколку групи независни инвеститори од Шведска, Кина и Русија, се споменуваа и BMW и Volkswagen. На крај, и покрај првобитното демантирање, изборот падна на Geely кој плати 1,8 милијарди долари.