Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>25 октомври 1975 година

Рекорд на човекот со најмногу скршени коски (видео)

» Американскиот каскадер Ивел Книвел кој стана познат по скоковите што во живо на телевизија и пред бројна публика ги изведуваше со мотоцикл, но и по тоа што го држи гинисовиот рекорд за човек со најмногу фрактури на коските – дури 433, на 25 октомври 1975 година го изведе својот најдолг од вкупно изведените преку 75 скока, прелетувајќи 14 автобуси. Тој всушност слета на покривот на 14-тиот автобус, но бидејќи успеа да се спушти без да падне (и да скрши уште некоја коска), скокот му се признава како успешен. Долг 41 метар, овој хазардерски скок кој тој го изведе со Harley-Davidson XR-750 беше соборен дури во 1999 година. И покрај ваквиот живот, Ивел Книвел почина во 2007-мата на 69-годишна возраст од заболување на белите дробови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *