Сувата храна го „умре“ Top Gear (видео)
» На денешен ден 2015 година BBC објави дека го раскинува договорот со водителот на ултрапопуларниот Top Gear, Џереми Кларксон, заради неговата караница со продуцентот на снимањето на најновата епизода. Причината беше што готвачот во хотелот си отишол дома и ја оставил екипата после цел ден снимање со сува храна. Со тоа заврши ерата на една од најгледаните и најпрофитабилни емисии на BBC која се емитуваше во повеќе од сто земји низ целиот свет.