Евтаназија на MG Rover
» После долга и мачна агонија и уште помачно барање решенија за излез од неа, на денешен ден 2005 година беше донесена одлука клучниот имот на три месеци претходно банкротираната MG Rover група да биде продаден на државната кинеска компанија Nanjing Automobile за сума од 53 милиони фунти. Кинезите на кои им беше важно да дојдат до технологиите што BMW ги остави зад себе во своите планови предвидуваа демонтажа на линијата за производство на мотори и нејзина релокација во Кина и раздвојување на производството на возилата од двете марки, оставајќи го MG во Велика Британија и селејќи го она на Rover во Кина.