Гремлин
» На салонот во Чикаго 1975 година дебитираше несреќниот AMC Pacer, автомобилот кој американската јавност обожаваше да го мрази. Се појави како одговор на нафтената криза и нарекуван автомобил на иднината стартуваше одлично – првите две години беа продадени скоро 263 илјади примероци. Но набргу започнаа да се покажуваат неговите мани и продажбата катастрофираше – за уште три години колку што се произведуваше беа продадени само уште нешто над 91 илјада примероци.