Уште еден Volvo каков не паметиме
» Со намера за освојување на американскиот пазар, Volvo во голема тајност го подготви прототипот Philip кој беше покажан на денешен ден 1953 година. Направен во стил на американските лимузини беше опремен со 3,6 литарски V8 мотор со 120 коњски сили и двостепен автоматски менувач, а двобојната каросерија имаше шест седишта. Се планираше производство од 4.000 примероци годишно, но анализите покажаа тоа би било прескапо. Единствениот направен примерок кој се користеше како службено возило сега се наоѓа во музејот на Volvo во Гетеборг.