Реинкарнација на еден скоро заборавен сегмент
» Спортски, лесен и краток – тоа се зборовите кои стојат зад кратенката SLK. Mercedes во 1991 година кога го започна развојот на моделот мудро заклучи дека овој скоро заборавен сегмент ќе расте. И навистина – од 11.300 продадени примероци во Западна Европа во ’92-рата порасна на 98.500 во 1995-тата, подготвувајќи го теренот за лансирање на отворениот двосед со преклоплив тврд покрив кој премиерата ја имаше на салонот во Торино на денешен ден пред 26 години. И успеа – од првата генерација која се произведуваше до 2004 година беа продадени 311.222 примероци.