Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>21 февруари 1994 година

Заврши љубовта меѓу Honda и Rover

» Откако претходно во тајност беше договорена продажбата на 80 отсто од акциите на Rover на BMW за 800 милиони фунти, Honda чувствувајќи се изневерена најави дека ќе ги продаде своите 20 отсто, со што требаше да се ослободи патот германската компанија да се стекне со целосна сопственост над последниот преостанат поголем британски производител на возила. Но тоа предизвика сериозни нарушувања во синџирот на снабдување на Rover, бидејќи BMW немаше соодветни делови и компоненти кои би ги замениле јапонските во производството на возила. Британската јавност дополнително беше револтирана бидејќи финансискиот извештај за работењето на компанија кој беше објавен наредната недела покажа дека таа вреди 270 милиони фунти повеќе отколку што беше проценета пред продажбата. Во периодот што следеше BMW вложи големи пари за да го врати Rover во профитабилни води и откако увиде дека тоа е невозможно во 2000 година го продаде за само 10 фунти на конзорциум предводен од еден поранешен раководител на Rover, но ги задржа Mini и Land Rover кој го продаде на Ford. Се проценува дека BMW во авантурата со Rover  има загубено 15 милијарди германски марки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *