Почетоците на FIA
» Меѓународната автомобилска федерација FIA своите корени ги влече од 1904 година, кога на 20 јуни беше основана меѓународната асоцијација на признати автомобилски клубови AIACR. Нејзината цел беше да се грижи за потребите на еден нов сој луѓе, внесувајќи ред во хаотичното организирање авто-трки но и донесување стандарди во автомобилскиот свет воопшто. Во 1946 година беше преименувана во FIA.