
Крај на 78-годишната славна но и контроверзна историја
» Последниот автомобил од француската марка Panhard, купето со ознака 24B произведено на денешен ден 1967-мата, стави крај на 78-годишната историја на оваа некогаш славна но и контроверзна марка. Panhard et Levassor беше еден од најстарите производители на автомобили во светот. Компанијата беше основана 1887 година, а првиот автомобил го направи во 1890 година. Финансиските проблеми доведоа до нејзино преземање во 1965 година од Citroen со кој веќе подолго време соработуваше, а две години подоцна и до гаснење на производството на автомобили. Panhard после тоа продолжи да произведува блиндирани и воени возила сé до 2018 година.