Последниот Rover P6
» На денешен ден пред 45 години беше произведен последниот примерок на првиот автомобил на годината во Европа. Се работи за моделот на Rover од серијата P6 кој беше комерцијализиран под ознаките 2000, 2200 и 3500 според зафатнината на моторот. Беше претставен во 1963 година и донесе свежина во британската автомобилска продукција која не се прелеа низ континентална Европа бидејќи ги следеше технолошките иновации кои на пазарот ги воведоа пред деценија и кусур претставените модели од двете страни на Атлантикот, што не беше карактеристика на тогаш актуелните автомобили од Обединетото кралство. Можеби токму и затоа ја доби титулата „Автомобил на годината“ во Европа. Се произведуваше 14 години, покрај во Велика Британија уште и во Јужна Африка и Нов Зеланд, а беа направени точно 322.302 примероци.