Симбол на една заедничка нација
» На 18 октомври 1955 година во Крагуевац започна лиценцното производство на Fiat 600, кој подоцна го доби името Zastava 750, но никој не го викаше така – иако беше симбол на заедничка нација секој за него имаше свое име. Сепак сите еднакво го сакаа и се произведуваше цели 30 години, за кои беа направени 923.487 примероци. Дел од нив отидоа и во странство – извезени се околу 36,5 илјади примероци во петнаесеттина држави, а слабо познат факт е дека едно време се монтираше и во Колумбија.