Настрада првиот пешак од автономен автомобил
» Една сообраќајна несреќа која се случи на денешен ден пред четири години го спласна ентузијазмот дека автономните технологии се на дофат – во Аризона, САД, автомобил на Uber во автономен режим на возење удри во жена која на недозволено и неосветлено место преминуваше улица туркајќи велосипед. Овој трагичен настан, прв во кој некој настрада од автономните технологии, покажа дека нивните тестирањата ќе бидат долги, мачни и опасни и дека на нив ќе чекаме многу подолго отколку што се веруваше.