Сериозни корени за европска експанзија
» Иако своите активности во Германија Ford ги започна уште во 1912 година, дури во ’25-тата се реши на целиот бизнис да му даде сериозна нота со основањето на своја компанија за производство на возила. Првите автомобили беа направени во изнајмен погон во Берлин наредната година, за при крајот на 1929-тата како одговор на преземањето на Opel од General Motors да се донесе одлука да се започне со изградба на фабриката во Келн. Германската филијала на Ford функционираше засебно сé до 1967 година кога сите операции на компанијата во Европа беа обединети, а за седиште на новата компанија беше избран Келн.