Volkswagen Буба стана најпродаваниот автомобил во историјата
» На денешен ден пред 50 години беше произведен 15.007.034-тиот примерок на Volkswagen Буба, со што таа го помина рекордот на Ford Model T и стана најпродаваниот автомобил во историјата. До 2003 година кога беше пензионирана вкупно беа произведени 21.529.464 примероци.