Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 март 1929 година

Почеток на една ера долга 88 години

» Дваесеттите години од минатиот век беа доста плодни за Opel – со 44 проценти од сите произведени моторни возила тој беше најголемата автокомпанија во Германија. Држеше 37,5% од пазарот а воедно беше и најголемиот извозник на возила. Бизнисот им одеше толку добро што развиваа дури и возила со ракетен погон. Тоа не остана незабележано од General Motors, кој на денешен ден 1929 година откупи 80 отсто од акциите на компанијата со основачки капитал од 60 милиони марки за кои плати неверојатни 154 милиони марки, односно 33,4 милиони американски долари, додека преостанатите 20 отсто ги презеде во 1931 година. Браќата Опел ги задржаа раководните позиции, а компанијата независната моделска политика. Сепак првиот чекор што го направи General Motors беше укинувањето на луксузниот 24/110 Regent (на сликата) претставен неколку месеци претходно заради тоа што сметаше дека навлегува на територијата на Cadillac и Buick, откупувајќи ги од нивните сопственици сите 25 дотогаш продадени примероци кои заедно со техничката документација беа уништени.

Opel остана под капата на GM сé до 2017 година кога беше продаден на PSA.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *