Родстер пикап
» Како одговор на популарниот Ford Ranchero кој веќе две години беше на пазарот, на денешен ден 1958 година Chevrolet го претстави моделот El Camino, пикап кој заради продажниот неуспех (пласирани беа 36.409 примероци) за две години беше исфрлен од продажба. За разлика од вообичаените пикапи тој беше изведен од класичен автомобил во караванска верзија на кој задниот дел беше со исечен покрив и претворен во товарен сандак со зафатнина од 0,93 m³. Беше и првиот пикап на Chevrolet на кој подот на товарниот сандак беше од лим, а не од дрво. Како основа беше искористен моделот Impala, од кој беа преземени раскошните линии. Имаше носивост меѓу 290 и 520 килограми, во зависност од моторот. Изборот беше меѓу 3,9 литарски шестцилиндричен линиски и 4,6 и 5,7 литарски V8, со моќност меѓу 135 и 340 коњски сили, додека менувачот беше три и четиристепен мануелен или двостепен автоматски. Овој модел успешно заживеа во 1964 година во новото издание како muscle-car пикап со моќен V8 мотор.