Првиот вистински автомобил на Lotus
» На денешен ден 1957 година беше претставен Lotus Elite Type 14, лесно спортско купе со иновативна каросерија од фиберглас и монокок конструкција и целосно алуминиумски мотор. Овој модел беше првиот вистински автомобил на британската марка и се произведуваше до 1963 година. Беа направени околу илјада примероци.