Автомобилот кој ја покори Африка
» Француската автомобилска индустрија изнедри бројни легендарни модели. Еден од нив е и Peugeot 504, претставен на денешен ден бурната 1968 година. Уште на стартот чудната стилска комбинација потпишана од студиото на Pininfarina беше привлечна и за купувачите и за стручната јавност која му ја додели титулата „Автомобил на годината“ во Европа. Слабите мотори не беа пречка за блескавата кариера, која издржливата, практично неуништлива механика го направи популарен автомобил на сите континенти. Најмногу во Африка каде се произведуваше до 2006 година.