Грдото пајче кое постигна неочекуван успех
» На денешен ден 1996 година Ford го претстави еден од најчудните модели во својата европска историја, малиот Ka. Дочекан на нож од страна на стручната јавност не само заради изгледот туку и застарената механика и прескромниот избор, грдото пајче како што го нарекуваа сепак го привлече вниманието на купувачите. Неговите дизајнерско-технички решенија го направија издржлив и лесен и евтин за поправка и одржување, така што без многу проблеми и со мал број унапредувања издржа на пазарот до 2008 година.