Слеп возач возеше преку 300 km/h
» На 11 октомври 2008 година Белгијанецот Лук Костерманс постигнувајќи 308,78 km/h постави нов брзински светски рекорд за слепи возачи. Тој возеше позајмен Lamborghini Gallardo со помош на софистицирана навигациска опрема и совозач кој му даваше насоки.