Првиот автомобилот на Rover
» На денешен ден 1904 година започна продажбата на Rover 8, првиот автомобилот на британскиот производител. Карактеристика му беше тоа што наместо конвенционалната шасија имаше ‘рбет формиран од блокот на моторот, куќиштата на менувачот и карданот и задната оска, концепција која се задржа кај земјоделските трактори. Каросеријата на задната оска беше прицврстена со полуелиптични пружини, а на предната на рамка со попречна лисната пружина. Со едноцилиндричниот мотор со зафатнина од 1.327 кубни сантиметри кој развиваше 8 коњски сили постигнуваше максимални 39 километри на час.