Ново, поново не може да биде, ама…
» Со изгледот од некои поминати времиња и воздушно ладениот двоцилиндричен боксер од цели 1,8 литри кој веќе е познат, можеби е тешко да се сфати зошто овој мотоцикл се нарекува нов, ама затоа воопшто не е тешко да се погоди дека бил нов или не, тој ќе привлече максимално внимание на себе.
Изгледот нема да го коментираме – на она што го гледате ќе додадеме само дека во споредба со стандардниот R18 нови се некои елементи како ветробранското стакло, куферите, дополнителните ЛЕД светла, поинаквото седиште за совозачот и уште некои детали што ќе ги забележат само оние за кои е наменет. Такви се новиот издувен систем и предното 16-инчно тркало, кои прават разликите да бидат суптилни. Покрај тоа, во стандардниот пакет се наоѓа и темпомат кој додава нота практичност на возачкото искуство со овој модел.
Сé на сé, BMW R18 Classic се сфаќа како специјална изведба на R18, што никако не може да биде лошо.