Оптимизам до бесвест!
» Точно е дека Tesla расте со енормни проценти, ама секој раст си има свој плафон,нели? Е, така не мисли Елон Маск кој е убеден дека Tesla ќе продолжи со вакво или слично темпо и понатаму, но не е сигурен дали за 10 години ќе произведува 20 или само 10 милиони возила годишно. Тој ваквата прогноза ја има дадено уште во 2020-тата, за сега на отворањето на фабриката во Берлин да ја повтори. Тоа што многу луѓе сметаат дека не е возможно да се постигне ваква цел на Маск воопшто не му пречи и не се ни труди да ги убедува со какви аргументи располага за да верува дека ќе се стигне до такви бројки. Гледањето наназад низ процентите на пораст едноставно не е можно бидејќи стартната основа не е иста.
Единствените факти засега се дека Tesla веќе стигна до милион продадени возила годишно, а има капацитети за производство на 2 милиони, кои имаат потенцијал да пораснат за уште милион – за сé над тоа ќе требаат нови гигафабрики и конкуренција што ќе спие.