Суетата е голема работа
» Некаде во 2004-тата, Scania започна со означување на своите серии камиони со буква проследена со бројот на коњски сили. Но во 2019-та година Mercedes му забележа за тоа на шведскиот производител и двете компании постигнаа договор за промена на номенклатурата на S-серијата тешки камиони – место назад, бројот коњски сили да стои напред. Така S730 стана 730S, за случајно некој да не се збуни дека се работи за некоја верзија на престижната S-класа на Mercedes…
Scania инаку е во сопственост на Volkswagen.