Не полнете гориво денес, туку утре – ќе заштедите!
» Регулаторната комисија за енергетика уште еднаш покажа дека се грижи за граѓаните на Македонија – согласно трендовите на светските берзи одлучи да ги поевтини горивата кај нас за цели 0,82 отсто. Затоа не полнете гориво денес, туку утре – ќе заштедите по еден денар на еуросупер БС-95 и еуродизел БС Д-Е V кои ќе чинат по 109 денари за литар, но ако вашиот автомобил е пребирлив и бара само еуросупер БС-98 бензин, тогаш ќе мора да се задоволите со само половина денар пониска цена, односно со 111,50 денари за литар.