Се извлекол за „малку“
» Еден Белгијанец, фраер по занимање, решил да проба колку оди неговиот автомобил и една ноќ на автопатот меѓу Антверп и Лиеж го стиснал здраво, до крај. Ама баксуз – полицијата поставила мобилен радар, и тоа не било каков туку инфрацрвен кој снима и ноќе. Ама баксуз биле и полицајците кои иако имале црно-на-бело дека возел дури 306 km/h не можеле да го казнат бидејќи овој радар бил сертифициран за брзини „само“ до 300 km/h. Приказната е од ланскиот октомври ама се дозна за неа откако дистрибутерот на фабриката што ги произведува радарите побара тие да бидат одобрени за користење до 350 km/h.