Ретки фотографии од познатиот модел
» На почетокот на ’80-тите години на Škoda ѝ беше јасно дека мора да бара помодерни решенија за своите идни модели. Чешките инженери веќе беа започнале со разработка на идеите за возило со напред попречно поставен водено ладен мотор кој ќе ги задвижува предните тркала кога официјално беше донесена одлуката за старт на проектот Š 781 од кој во 1987 година произлезе Favorit. Во ова видео (всушност слајд-шоу) се прикажани ретки фотографии за неговото настанување – од првите скици преку разните прототипи сé до Felicia, која всушност е изведена од него.