Во служба на човештвото
» Електриката, заедно со автономните способности се двете врели теми кога се зборува за иднината на автомобилите. Производителите одвреме-навреме ни покажуваат дел од своите резултати од развојот на овие технологии за кој се ангажирани големи ресурси и се трошат огромни пари. BMW во Минхен го стори тоа на доста практичен начин – ни покажа како ја гледа иднината во практичното користење на автомобилите. За демонстрирање беше избран електричниот iX, кој, како се гледа од видеото, сам си бара место за паркинг и сам ги полни своите батерии. Треба да кажеме и дека зад имплементацијата на овој систем стои Bosch.