Три е среќен број
» Британскиот специјалист Morgan кој е познат по своите возила со три тркала, за идната година најави нивно враќање во гамата. Се работи за потполно нов модел кој треба да ја продолжи традицијата на компанијата прекината бидејќи досегашниот таков автомобил со ознака 3 Wheeler не ги задоволуваше еколошките норми. Неговиот дух сепак во целост ќе биде задржан – лесната конструкција и моќниот мотор ќе му обезбедат возење со возбуда како што ништо друго не може да понуди. Дизајнот ќе му биде храбар и ексцентричен, а ќе биде задвижуван со трицилиндричен атмосферски мотор од Ford.
Од Morgan засега не кажуваат ништо друго – ќе треба да се стрпиме уште малку.