Tags: , , ,
Ако Lada Niva не може, Jäger Apal може

Руски гелендеваген

» Љубителите на Lada Niva во Германија нема да останат без својот омилен теренец. За тоа се погрижи фирмата Made in Russia GmbH, која и понуди привлечна алтернатива. Производ е на руската компанија Apal, која нејзината механика ја надградува со пластична каросерија со познат облик. Моделот наречен Jäger (во превод ловец) има европска хомологација и ги задоволува Еуро 6 стандардите. Моторот е 1,7 литарски со 83 KS и 129 Nm, а погонот на сите тркала. Модуларноста на каросеријата дозволува прилагодување според желбите на купувачите, кои се очекува да ги има меѓу 7 и 10 месечно. Соодветна на напорите легендарниот руски теренец да се донесе во Германија е и цената, која изнесува 19.990 евра. Стандардната Lada Niva таму се продаваше за 11.990 евра. Лани од неа во земјите од Западна Европа беа извезени 2.961 примерок.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *