Кој ќе биде сега без влакна на јазикот?
» Внукот на основачот на Toyota повеќе нема да ја предводи марката низ бурните времиња што претстојат – Акио Тојода ќе го препушти своето место на Коџи Сато, кој моментално е директор за промоција на брендот и претседател на Lexus и Gazoo Racing. Во склоп на ревидирањето на извршната раководечка структура, Тојода ќе ја презеде функцијата на претседавач на одборот на директори. Тој беше претседател и генерален директор на Toyota во последните 13 години и успешно го спроведе јапонскиот производител на патот кон трансформацијата. За своето отстапување тој самиот вели дека во моментот се гледа како ограничување во натамошниот процес на Toyota во компанија која се занимава со мобилноста.