Приказна за смртта на еден херој на своето време
» Секоја нација во светот има свој Григор Прличев, чии опеани дела можат да ги сфатат само тие. Но кога зборуваме за глобални имиња како што е BMW, тогаш нивните епски поеми се сфатливи за цел свет. Една од нив, без дискусија секако, е и M3 E36. Затоа и трансформација на овој примерок извршена од некој лик од Англија, е исто како Сердарот да го преведувате со Google Translate и после тоа да се воодушевувате на него.
Дали навистина BMW M3 – кој и да е – заслужи ваков третман? На вакво прашање не може секој да одговори. Всушност некој и може, ама ако искрено кажеме што мислиме, ќе си навлечеме некоја политички неподобна етикета на себе.