Нов адут од Минхен
» BMW ја претстави новата, трета генерација на X1, сега поголема и со изглед како намален X5. Дефинитивно ќе им се допадне на купувачите, посебно кога ќе погледнат што сé нуди и со што сé се нуди. За почеток тука се бензинските и дизел варијанти со погон на предните или сите тркала. Основната бензинска верзија sDrive18i произведува 136 KS, a посилната xDrive23i 218 коњи. Дизелите sDrive18d и xDrive23d се со 150 и 211 KS. Посилните се благо хибридно електрифицирани, а ќе следат две плаг-ин верзии xDrive 25e и xDrive 30e со 245 и 326 коњи и целосно електричниот iX1 xDrive30 со 313 KS. Но, тоа не е сé – планирана е и M-Performance изведба со повеќе од 300 KS.