Tags:
» Цената на дизелот е сé повисока од онаа на бензинот

Зошто дизелот е сé поскап?

» Не очекувајте одговор од регулаторната комисија за енергетика на прашањето зошто цената на дизелот е сé повисока од онаа на бензинот – место тоа, тие како што на пример сторија денеска, ќе ви испорачаат нов ценовник со образложение дека заради промената на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка кои кај бензините забележаа намалување за 0,065% а кај дизелот зголемување за 2,069%, како и заради курсот на денарот во однос на доларот кој во изминатиот период е за 0,485 % повисок, во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија се зголемуваат во просек за 0,46%, односно бензините поскапуваат за 0,50 а дизелот за 1,50 денари. Согласно тоа, новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 89,00 денари за литар, на еуросупер БС-98 91,50 денари за литар, а на еуродизел Д-Е V 93,50 денари за литар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *