Негрижа која заслужува затвор
» Дури и стручњаците не можат со сигурност да кажат која е точно причината за ваквата состојба на пневматикот на ова возило чија внатрешна структура е сосема распадната – може да е од оштетувања од силни удари (дупки на патот, брзи качување на тротоар…) или долго возење со пренизок притисок на воздухот во него, но и да не сте стручњак сосема е јасно дека една причина се издвојува – целосното отсуство на одговорност на сопственичката на овој автомобил со кој ги довезла своите деца на една школска манифестација. Настанот се има случено во еден град во Велика Британија што значи дека бидејќи воланот на автомобилот е од десната страна таа при секое качување во него гледала во ваква екстремна состојба е овој пневматик. За другите пневматици не знаеме, но овој на себе има точно 13 џумки, која од која поголема…