Внимавај што ќе посакаш
» Едно село во Индија остана без мост долг 18 метри затоа што селаните посакале така, а крадците им ја исполниле желбата. Имено, железниот мост изграден 1972 година пред некое време бил прогласен за опасен и затворен за сообраќај, а покрај него бил изграден друг, бетонски. Бидејќи селаните барале стариот мост да биде тргнат, никој не се посомневал во „работниците“ кои дошле со професионални алати и тешка механизација и камиони и за два дена го демонтирале мостот – селаните дури и ги пофалиле за вредната работа!
Можеме да претпоставиме колкаво било нивното изненадување кога дознале дека вредните работници не се платниот список на државата.