Чистотата е половина здравје
» Можеби сте знаеле дека е забрането да се излезе на асфалтен пат со калливи тркала, но дали знаете колкава е казната за тоа? Во нашиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата тоа јасно е наведено во членот 26 став 3 каде пишува, цитираме: „Возач кој со возило од земјен пат и градилиште се вклучува на пат со современ коловоз е должен да застане и да ги отстрани земјата и нејзините остатоци од пневматиците на возилото”. Казната доколку не го почитувате пропишаното изнесува 100 евра во денарска противвредност, односно 35 негативни бода.
коментари: