Премиерата во јуни
» Цртежот што го гледате, единствен со кој Volkswagen го најавува обновениот Polo GTi, покажува изменет преден дел со нови ЛЕД светла, саќеста црна маска со GTi ознака, црвена линија, нов преден браник и уште пар послабо забележливи детали. Изменет ќе биде и задниот дел, а како ќе дознаеме на премиерата закажана за јуни. Тогаш ќе го дознаеме и она што најмногу нé интересира – моторот, бројот коњски сили и перформансите што ги овозможува.