Она вистинското
» Веста се чини како да е една од многуте во која се најавува нешто ново, електрично, но всушност е малку повеќе од тоа иако во суштина воопшто не најавува сосема нов модел, туку само негова нова верзија. А токму тоа е што ја прави единствена бидејќи се работи за перформансна GTX изведба на купе-кросоверот ID.5 на Volkswagen, кој во својата производствена верзија ќе биде прикажан идниот месец на салонот во Минхен. Се очекува како и ID.4 GTX да има два електромотора со 295 коњски сили и погон на сите тркала кои, претпоставуваме бидејќи не е објавено, ќе го забрзаат до 100 km/h за 6,2 секунди. За неговите идни сопственици значајно е и тоа што софтверските надградби ќе ги добива преку интернет и дека ќе биде опремен со Car2X технологија која ќе им кажува и такви работи како на пример уште колку време ќе свети црвеното светло на семафорот.