Дали ги знаевте ова?
» Леонид Илич Брежнев (1906-1982) кој беше на чело на СССР 18 години беше страстен љубител на автомобилите, кои лидерите на другите земји често му ги подаруваа – според некои извори тој успеал да собере фасцинантна колекција од дури 324 автомобили. Меѓу нив е и единствената Zastava 101 во Русија која му ја има подарено Тито. Позната е и анегдотата од ’73-тата кога при посетата на САД Брежнев на подарок добил Lincoln Continental и веднаш седнал да го вози. И тоа брзо, како што знаел, поминувајќи опасен свиок на еден од стрмните пристапни патишта до кампот Дејвид каде била случката со брзина која го преплашила и претседателот Никсон, кој бил на совозачкото седиште. Ова возење завршило со остро кочење и пукната гума, но не и едно друго од 1980-тата кога една ноќ во Москва Брежнев има предизвикано сообраќајна несреќа налетувајќи со Rolls-Royce Silver Shadow на камион. Овој автомобил, искршен каков што останал по сообраќајката, сега е еден од најпопуларните експонати на автомобилскиот музеј во Рига.