Ова го може само BMW и никој друг
» Не е прв пат дизајнот на некој нов модел на BMW да биде толку провокативен што ќе предизвика лавини реакции, повеќето жестоки. Тоа се случи и сега со новата серија 7, истовремено преставена и во нејзината електрична i7 варијанта. Но исто така нема да биде прв пат токму ваквиот, благо кажано неконвенционален дизајн, да придонесе за бомбастична реакција на купувачите. Сепак данокот мора да се плати – на почеток, барем неколку месеци, мора да се истрпат сите критики. Ова е видеото со кое BMW нé повика да си го кажеме своето мислење за контроверзната нова серија 7.