Tags:
И Lamborghini рекордно во 2022 година

Година полна успеси

» За Lamborghini и 2022 година беше рекордна – испораката на 10% повеќе автомобили од претходната означува стабилен раст на компанијата. И не само стабилен туку и импресивен – 9.233-те продадени автомобили со цени кои стартуваат од 200 илјади евра се бројка за секоја почит. Во поглед на моделите, Urus стигна до 5.367 купупувачи (+7%), Huracan до импресивни 3.113 (+20%) и Aventador кој престана да се произведува, до 753. Според Штефан Винкелман, првиот човек на марката, трендот на пораст и развој се продолжува благодарение на внимателното и педантно менаџирање со нарачките, следејќи ја јасната стратегија со примарна цел за одржување на контролиран напредок за да се заштити ексклузивноста. Тој понатаму додаде дека 2023-та ќе биде година на предизвици и промени со кои се подготвени да се соочат – ќе започне производството на првиот хибриден автомобил со што Lamborghini ќе влезе во втората фаза на стратешкиот план кој предвидува инвестиции од 1,8 милијарди евра за електричната транзиција.

Во моментов, листата на чекање на Lamborghini е долга 18 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *